Атиџе Муратова, херојот од Македонија, најдобриот пријател на пчелите и недопрената природа, се подготвува за неделното доделување на Оскарите.
Македонскиот филм „Медена земја“ е номиниран во две значајни оскаровски категории, Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм (од неанглиско говорно подрачје).
Атиџе ги освојува симпатиите на сите каде и да се појави, а „Медена земја“ го привлекува вниманието на голем број светски ѕвезди. Пред само една година, овој филмски феномен почна со своето освојување награди на секој фестивал каде учествуваше.
Уште оттогаш се гледаше големиот потенцијал кој „Медена земја“ го носи, а успехот беше крунисан токму со двете номинации за една од најпрестижните филмски награди во светот.
Стискаме палци и едвај чекаме да дојде недела, со надеж дека екипата на „Медена земја“ ќе се врати со статуетки во рацете.