Бумбарите се едни од најважните опрашувачи во природата, моментално се загрозени бидејќи нивниот број драстично опаѓа.
Според нивните податоци на новите истражувања овие инекти се многу поретки отколку порано, во Северна Америка нивниот број е двојно намалет отколку во 1974 година. Тие се специјализирани за разнесување и оплодување на многу видови билки, пишува National Geographic.
Неколку некогашни чести видови на бумбари исчезнале од многу подрачја во кои порано можеле да се видат, па станале локално истребени на овие места.
Кој е виновникот?
Во новата студија објавена во агазинот Science, истражувачите користеле сложен процес за да утврдат за опаѓањето на бројот на бумбари се виновни климатските промени.
Научниците утврдиле дека во подрачјата кои станале потопли во последниве неколку години или во кои се забележани екстремни промени на температурата, ретко можеме да видиме бумбари. Во Европа нивниот број паднал за 17 отсто во однос на почетокот на 20 век.
Според пишувањата на овие научници, „климатскиот хаос“ е главен виновник за опаѓање на бројот на бумбари.
Одамна е познато дека на бумбарите повеќе им одговара поладно време бидејќи се способни да произведат топлина за време на летањето, поради што се и едни од првите инсекти кои ги гледаме на пролет.
Последните пет години беа најтоплите забележани во последните 14 децении. Поради тоа можно е да дошло до прегревање на овие инсекти што е докажано до лабраториски експерименти дека е можно да се случи или на бумбарите сето тоа индиректно влијаело низ вегетацијата и цвеќето, поради што се доведени до изглднување
Тоа што бројот на бумбари е опаднат е проблем за животната средина бидејќи нивните способности за опрашување им се потребни на многу билки.
Економски проблем
Освен тоа, тука е и економскиот проблем, според некои поценти, пчелите допринесуваат се повеќе од 15 милијарди долари за економијата на САД, опрашувајќи земјоделски добра.
Климатските промени не се единствена причина која влијаела на намалувањето на бројот на бумбари. Тие се загрозени и од неоникотиноиди, пестициди кои се многу отровни за сите видови пчели, како и уништувањето на полињата поради претворање во обработлица површина, шорење а парогени и ослободување на пчели кои не се од тој простор, а кои се донесуваат во одредени подрачја поради опрашување.