ВМРО-ДПМНЕ нема до напушти Собранието

од Aleksandar Todeski
162 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да ги напушти собраниските клупи на неколку дена пред распишување на изборите и распуштање на Парламентот, потврдуваат извори на „Локално“ од партијата.

На Извршниот комитет, на барање на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, се дебатирало и за тоа дали опозиционерите да не учествуваат во работата на Собранието, иако до распуштањето има уште само три дена. Иако имало членови кои биле „за“, мнозинството одлучило пратениците да останат во Законодавниот дом, за како што велат, да не бидат изгласани закони кои тие како партија би можеле да ги спречат, а кои ги сметаат за лоши решенија.

Партијата утрово испрати и соопштение до јавноста, со кое велат дека Извршниот комитет заклучил дека партијата ќе реагира во одбрана на демократијата и интересите на државата и граѓаните, без да наведат на кој начин би го сториле тоа.

А.Т.