Извршителот Христијан Мицкоски не успеја во намерата да го блокира Законот за ЈО. Победи правдата, 80 пратеници покажаа дека Собранието е за силна правна држава, рече пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Собранието со 80 гласа покажа дека е за европска иднина. Од огромно значење е тоа што само шест пратеници беа против Законот за Јавно обвинителство. Законот гарантира дека сите судски предмети од СЈО ќе имаат правна развршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази“, рече Костадинов.
Според пратеникот, усвојувањето значи и огромен придонес до приближувањето до ЕУ и посочи дека денеска ќе гласаат и за распуштање на Собранието.
„Процедурата за гласање беше кристално чиста. При пријава од пратеник дека не бил регистриран неговиот глас, тогаш Законот оди на прегласување. Законот се донесе согласно сите процедури и Деловникот“, рече Костадинов.
Според него, ако ВМРО-ДПМНЕ не поднесе предлог за технички министер за труд и социјална политика, ингеренциите одат во рацете на заменик-министерот.
А.Т.