Хоџа: Ќе има редефинирање, но на режимот кој и како опозиција задржа позиции во судството

од Aleksandar Todeski
489 прегледи

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, на новинарско прашање дали партијата се залага за редефинирање, а со тоа истото ќе се пренесе во коалицијата со СДСМ, посочи дека треба да има редефинирање, но на режимот, кој како што посочи и како опозиција зафаќал делови од општеството, како на пример судството.

„Зависи кој како го толкува редефинирањето. Нашето видување за редефинирањето е во контекст на реформите. Точно е дека оваа победничка коалиција ќе направи реформи онаму каде што е најболно, односно каде што режимот успеа и како опозиција да задржи позиции, тоа е судството. Нормално дека ако некој гледа на редефинирање, точно е, режимот мора да се редефинира со реформи и тоа ќе го направиме заеднички“, посочи Хоџа.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски пак, рече дека точно е дека следуваат реформи, нови работни места, силен економски раст и други мерки и политики кои ќе го трансформираат општеството. Вели, верува дека тоа гласачите ќе го препознаат и наградат на изборите, како единствен коцнепт, бидејќи според него, другиот концепт е враќање на режимот и враќање во темното минато.

Слични содржини