Во време на Велигденските пости, не значи дека треба да се откажеме од омилените десерти, бидејќи може да се подготват и во посна верзија.
За овие крофни ви се потребни:
250 мл млака вода
40 гр свеж квасец
500 гр брашно
50 гр маргарин
2 лажици шеќер
Шеќер во прав
2 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
Растопете го квасецот во млака вода со лажичка шеќер и лажичка брашно и оставете го да нарасне. За тоа време, измешајте ги шеќерот и маргаринот. Додадете го нараснатиот квасец, па замесете тесто со брашното.
Оставете го тестото да нарасне двојно, премесете го и развлечете кора со дебелина од еден сантиметар. Со чаша вадете крофни. Оставете ги уште половина час да нараснат.
Пржете ги во врел зејтин, најпрво со нараснатата страна, а потоа свртете ги. Посипете ги со шеќер во прав во кој сте додале ванилин шеќер.