Заев ги откри имињата кои ќе ги предводат листите, Мицкоски допрва ќе ги презентира пред Централниот одбор

од Aleksandar Todeski
476 прегледи

Двојка од маж и жена, за еднаква родова застапеност ќе ги предводат листите за кандидати за пратеници на владејачката СДСМ. Делегатите на вчерашниот 24. Конгрес вчера ги утвдрија листите и ја потврдија програмата со која СДСМ ќе настапи  на изборите под слоганот „Можеме“.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по завршувањето на Конгресот пред јавноста ги соопшти дванаесетте носители на кандидатските листи во сите шест изборни единици. Тој посочи дека овие носители, но и сите 120 кандидати за пратеници се луѓето кои ја носат победата, дека се обврзале дека ќе ја носат државата на прав пат, но и дека ќе работат одговорно, чесно и отворено.

„Во Изборната единица 1 листата ќе ја предводат Никола Димитров и Мила Царовска. Чест да ја предводат Изборната единица 2 ќе имаат Оливер Спасовски и Сања Лукаревска. Третата Изборна единица ќе ја предводат Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска. Четвртата Изборна единица ќе биде предводена од Зоран Заев и Соња Мираковска. Изборната единица 5 ќе биде предводена од Радмила Шекеринска и Јован Митревски. Шестата Изборна единица, најавена како најразнолика, ќе биде предводена од Билал Касами и Фаница Николовска. Ова е понудата на СДСМ и Коалицијата. Овие се личностите кои ќе ја донесат големата, веќе извесна победа на 12 април. Ова се луѓето кои даваат збор дека ќе работат одговорно, чесно и отворено во процесот на продолжување на политиките. Оваа е најголемата, најразнолика и родово најзастапена Коалиција. Со ваква понуда нема дилема, ние сме победници на 12 април. Сите политички субјекти во оваа Коалиција ја познаа важноста државата да оди напред, економскиот развој да биде уште посилен. Им благодарам на сите коалициони партнери кои предложија чесни кандидати за пратеници. Им благодарам и на оние партии кои не предложија пратеници, но ќе продолжат рамо до рамо со нас да носат одлуки во извршната власт“, рече Заев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, своите листи нема да ги претстави пред Конгресот, туку само пред Централниот одбор на партијата, по што утре, на Конвенција, ќе бидат претставени носителите на листи пред јавноста. Иако лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, рече дека во неговата коалиција сакале да влезат и партии кои во моментов се во коалиција со СДСМ, по вчерашниот конгрес остана јасно дека владејачката коалиција е стабилна, откако на Конгресот се појавија сите политички партии кои коалицираат со СДСМ.

Предводниците на кандидатските листи ги откри и ДУИ. Лидерот на партијата Али Ахмети ќе биде носител во шестата изборна единица, Талат Џафери во петтата изборна единица. Во тројката носител ќе биде поранешниот министер за економија Беким Незири, во втората изборна единица носител че биде министерот за образование Арбр Адеми, и во првата изборна единица носител ќе биде партискиот потпретседател, Изет Меџити.

 

Слични содржини