Србија: Коронавирус потврден кај уште седум лица, вкупно 31

од Aleksandar Petrovski
143 прегледи

Вкупно 31 потврден со КОВИД-19 се регистрирани во Република Србија до 8 часот на 13 март 2020 година, соопшти Министерството за здравство на оваа земја.

Во Националната референтна лабораторија на Институтот Торлак до 8 часот на 13 март биле тестирани вкупно 214 лица кои ги исполнија критериумите за дефинирање на случајот.

Од последниот извештај тестирани се 29 примероци, од кои 7 биле позитивни и 22 негативни за новиот коронавирус.

Од седумте новозаразени, тројца се хоспитализирани и сите се стабилни, а четири се испратени на домашна изолација, соопшти Министерството за здравство на Србија.