Имунитетот, односно одбрамбениот систем на детето треба да се зајакнува, но на природен начин. Што посилен е имунитетот, детето полесно се бори против најразличните микроби на кои е постојано изложено.
Заштитата на телото од микроби најпрво го овозможуваат кожата и слузницата, кои спречуваат нивно продирање во телото. Меѓутоа, на некои микроби тоа им успева, а потоа тоа предизвикува различни инфекции. За таква одбрана телото развило имунолошки систем кој со своето сложено дејствување ги препознава најразличните туѓи тела и се бори против нив.
Најдобар начин за кревање на имунитетот е преку здава исхрана и природните билки. Иднијанските племиња пред 500 години користиле билна каша за лекување на рани. Лековитите својства на сокот од билката ехинцеа го зголемуваат бројот на бели крвни зрна и ја подобруваат нивната функција. Денеска, пурпурната ехинцеа се произведува во облик на капки, сирупи и таблети.
Во ептеките можете да ги купите овие производи, но истите можат да се користат само кај деца постари од една година. За децата постари од четири години можете да ја најдете во комбинација со ацерола, прополис или цинк.
Ацеролата е богата со витамин Ц. Содржи околу 80 пати повеќе витамин Ц него лимонот. Прополисот делиува против бактериите и вирусите, а има и антиоксинатно и делува против воспаленија.
Цинкот е олиго елемент кој учествува во регулација и продукција на ќелиите на имунитетот. За децата помали од една година, советувајте се со педијатар.