Дали ќе се вика вонредна или кризна ситуација, или нема да се вика никако но ќе се преземаат мерки е целосно небитно, битно е да се имплементираат мерки кои во даден момент сметаме дека треба да се направат, вели министерот за здравство, Венко Филипче во Утрински брифинг, пред денешниот состанок на Советот за безбедност.
„Јас би рекол дека нашиот пристап е многу поостар и понавремен од другите. Ние презедовме мерки и рестрикција во движењето многу пред останатите земји во регионот. Не сакам да правам паралели со останатите земји зошто тоа ќе има политичка конотација, но па ќе повторам, рестрикцијата на движењето е многу битно, да се избегнат контактите, што е единствениот начин да се спречи ширењето“, рече Филипче.
Тој посочи дека раст на бројот е очекувано можно сценарио, а целта е детално да се работи во случаите. Вели, се уште има непознати.
„Колегите од Италија велат дека имаат сознанија дека вирусот седи и на чевлите, односно го има на асфалтот повеќе денови. Се смета дека метар и половина до два е безбедна дистанца во воздухот“, рече Филипче.