Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност кажа дека не гледа проблем изборите да бидат одложени, додавајќи дека и во 2015 година изборите биле два пати одложени и тоа во време кога немало пандемија.
„Не гледам проблем да бидат одложени изборите бидејќи и во 2015 година два пати ги одложувавме изборите, а Собранието се врати во заседание за да изгласа нов датум за одржување на изборите. Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР ја откажа својата мисија и за два до три дена и физички се повлекува од државата“, рече Пендаровски.
Тој посочи дека не се согласува со констатацијата на Собранискиот спикер Талат Џафери дека Собранието е распуштено, посочувајќи дека и самиот тој денеска на Советот за безбедност учествувал како претседател на Собранието, но и дека Законодавниот дом е во постојано заседание.
Претседателот кажа и дека сите 120 пратеници остануваат со својата функција се додека не се избере нов пратенички состав и дека може да бидат свикани во било кое време.