Почетокот на пролетта веќе ги стави во незавидна ситуација оние кои страдаат од пролетни алергии, а во целата паника можат да помислат дека страдаат од болеста ковид-19, која ја предизвикува коронавирусот.
За жал, ситуацијата е таква каква што е, а пандемијата на коронавирусот се поклопи со сезонските алергии. Но, за да избегнете непотребна паника и параноја, иако веќе многупати се наведени симптомите, добро е уште еднаш да ги повториме.
Најчести симптоми на алергиите:
– Кашлица (сува или продуктивна)
– Кивање
– Затнат нос
– Чешање на слузницата
– Иритација на очите
– Натекување на солзните жлезди
Најчести симптоми на ковид-19:
– Треска и висока температура
– Кратко вдиушување
– Сува кашлица
– Болка во грло
– Болки во телото
Ова се главните разлики меѓу алергија и зараза со коронавирус:
– Ковид-19 е проследена често со покачена температура, но не и алергиите.
– Алергиите предизвикуваат чешања во очите, носот, скокоткање во грлото, додека кај ковид-19 овие симптоми се исклучително ретки.
– Кивањето може да биде симптом и во свата случаи, но кај алергиите е поизразено и проследено со затнат нос.
– Коронавирусот е заразен, алергиите не се.
Доколку имате какви било недоумици, јавете се кај вашиот матичен лекар кој понатаму би ве упатил како да постапите.