Овие пет работи никако не ги правите додека сте во изолација

282 прегледи

И додека за некои луѓе времето во самоизолација означува мирен период кој ќе го поминат дома со најблиските и ќе работат на работите за кои дотогаш немале време, за други тоа време е како проклетство.

Моменталната ситуација за никого не е лесна и бара одрекување ов многу работи. Сепак, тоа не значи дека би требало времето да си го претворите во пекол, затоа ви донесуваме пет клучни работи кои не би требало да ги правите дома, додека трае времето на самоизолација.

Следењето на профили кои ви предизвикуваат негативни чувства

Имате голема слобода за тоа кого треба да го следите на социјалните мрежи, а кој не, затоа паметно бирајте и немојте да бидете масохисти кои следат некоја личности која ги нервира, лути или која, со своите објави, ви сознава напади на паника.

Разговор за негативни теми и потполна изолација

Поврзете се со своите домашни наместо да се повлечете во својата соба. Потсетете се на старите времиња, смејте се, дружете се наместо целиот живот да ви биде еден голем сив облак.

Негативно размислување

Обидете се своите мисли да ги насоите кон благодарноста за се што имате наместо да се грижите за она што ви недостига. Читајте мотивациони книги, гледајте комедии, медитирајте и правете се она што е во ваша моќ да се одржите позитивни и во здрав дух.

Живеење во хаос

Сега е вистинско време за едно големо пролетно чистење. Наместо да живеете во неред и валкано, организирајте мала работна акција и исчистете ги сите ормари, длабински исчистете го целиот дом и автоматски ќе се чувствувате одлично.

Не вежбање

Тоа што не можете да штетате не значи дека не може да направите еден одличен домашен тренинг за кој не ви треба опрема. Јутјуб е преполн со фитнес тренери со одлични тренинзи кои можат да се направат било каде, па навистина немате изговор.

Слични содржини