363
Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека до 16 часот шест новозаболени лица, со што бројот се искачи на 48 лица.
За четиригодишното девојче кое е заболено, тој посочи дека е сместена во инфективното одделение во Болницата во Штип.
„Во Штип за првпат е дијагностициран вирусот кај четиригодишно девојче, кое се заразило во градинка во Анлгија. Девојчето било во домашна изолација, а во земјава се вратиле на 14 март. Во инфективното одделение е сместена со мајката“, рече Филипче.
Министерот посочи и дека ќе се земат брисеви и материјали од луѓето кои според епидемиолошките прегледи, ќе треба да се испитаат.