Покрај фреквентноста за вадење на лични документи, Чулев не сака да им ја продолжи важноста со Указ

од Aleksandar Todeski
433 прегледи

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев одбил да го потпише Указот со кој треба да се продолжи важноста на личните документи на граѓаните, дознава „Локално“.

Извори од одделението за управни работи сведочат дека дневно имаат фреквенција од околу 2.000 луѓе, бидејќи освен за фотогафирање за лични карти, пасоши и возачки дозволи, граѓаните вадат државјанства, сообраќајни дозволи, жителства, одјави и уште најмалку 15 други работи.

Утрово, како што дознава локално, во просториите отишло семејство кое живее во Германија за да се слика за лични документи, а неофицијално, биле вратени во земјава пред неколку денови. Изворите говорат дека вработените се ставени во опасност, бидејќи се во контак со толку многу лица, но и дека ако еден од нив се заболи, се ставаат во опасност голем број луѓе.

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, за „Локално“ вели дека таа и вчера и утринава на координација дала предлог да се продолжат роковите, но откако бил изготвен Указот, техничкиот министер не го потпишал.

„Јас дадов предлог и вчера и утринава на координативното тело во МВР да се продолжат роковите и да се донесат решенија кои се во интерес на граѓаните, а не се на штета на државата и јавното добро. Службите ги подготвија, но се уште не се потпишани, не знам од кои причини“, вели Петровска.

Александар Тодески

Слични содржини