(ВИДЕО) Спасовски: Справувањето со коронавирусот налага полициски час

од Aleksandar Todeski
387 прегледи

Владата донесе одлука за уште една мерка што за првпат се воведува во историја на нашата земја на целата територија. На владина седница одлучивме воведување на најрадикални мерки, со цел да ги заштитиме граѓаните од коронавирусот, рече на прес конференција премиерот Оливер Спасовски.

„Од утре се забранува движење на населението во период од 21 часот до 6 часот секој ден. Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање. Мерките мора да ги почитуваме, само така ќе ги спасиме и граѓаните и државата. Веќе ништо не е исто, се промени целиот свет, тоа бара од нас радикални мерки, затоа го воведуваме ова. Според анализите на комисијата за заразни болести, се налага ваква радикална мерка, за да се спречи натамошно ширење на вирусот“, рече Спасовски.

Тој посочи дека од забраната се исклучуваат оние кои имаат потреба од медицинска помош, се во животозагрозувачка состојба или имаат потреба од дијализа. Оние кои имаат потреба од дијализа, ќе може да бидат во придружба од најмногу две лица.

Ако возилото е запрено, ќе се евидентира медицинската помош. Ќе се изготви список на лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходност од движење, со цел изготвување на специјални легитимации и пропусници за лица кои имаат таква неопходност.

„Да се ограничи бројот на дежурни аптеки, да се назначат одреден број на аптеки кои ќе работат во рестриктивниот период, а ќе може да купуваат само лица кои извршиле преглед и ќе досатават како доказ извештај од прегледот. Такси возилата кои дежураат да се ограничат, истите ќе сообраќаат само од и кон болниците. Се забранува движење на Јавен превоз од 21 до 6 часот. Меѓуградскиот и јавниот превоз да биде намален за 50%, односно со заодлжително растојание од најмалку 2 метри меѓу лицата, исклучиво со заштитна маса и ракавици. Се забранува собирање во групи од повеќе од пет лица. Директорите на фабрики и институции, да се прилагоди работното време согласно забраната за движење“, истакна премиерот Спасовски.

Тој повика да се почитуваат мерките, бидејќи само така ќе се намали ризикот и времето, а ќе се врати и безбедното секојдневие.

„Да се ограничи присуство на граѓани во продавници, колку каси или шалтери, толку граѓани во исто време. Ограничувањето го одредуваат менаџерите. Потребно е секој од нас да се прилагоди на состојбата. Секој е повикан да биде дел од заедничката битка. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата, сите мора да бидеме одговорни. Да се кренеме на висината на задачата. Ако го направиме тоа сите ние, ќе ја совладаме заканата и заедно ќе излеземе посилни. Ако сите ги почитуваме мерките, ќе го намалиме ризикот и времето и ќе го вратиме безбедното секојдневие. Мора да ги почитуваме мерките, така успешно ќе се справиме со состојбата“, рече Спасовски.

Слични содржини