Втора жртва од коронавирусот во Србија, почина 92 годишна жена

од Aleksandar Todeski
250 прегледи

По 59 годишниот маж од Кикинда, во Србија денеска е забележан втор смртен случај на заболен пациент од коронавирус. Како што изјави министерот за здравство, Златибор Лончар, станува збор за жена на возраст од 92 години, која била на респиратори.

Утринава таму се забележани нови 17 случаи, или вкупниот број на потврдени случаи на заразени изнесува 188 лица, 11 лица се хоспитализирани и се без компликации, додека шестмина се на домашно лекување. До осум часот во националната лабораторија на Институтот Торлак, вкупно 700 лица биле тестирани на коронавирусот.

Во Србија веќе седми ден има вонредна состојба, петти ден како е во сила полициски час, кој од денеска се проширува и ќе трае од 17 часот до 05 часот наутро.

Утринава постарите од 65 години, на кои досега им беше забраното излегувањето, им беше дозволено во периодот од 03 до 09 часот да излезат од своите домови за да се снабдат со потебните намирници и лекови. За таа намена беа отворени 2000 продавници ширум Србија.

Синоќа во Србија пристигна и првата голема пратка од Кина на голем број медицински помагала, заштитна опрема и на шестмина кинески експерти, која лично ја дочека Вучиќ.

Слични содржини