Сите компании чии вработени имаат пореба да се движат додека трае полицискиот час, ќе им се издаваат пропусници од страна на самите компании, појасни минситерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски
„Не важи за здравствени работници, МВР и Армијата. Сите оние компании кои имаат потреба, како и за производствените капацитети за храна, самите компании ќе издадат пропусници и согласно тие пропусници ќе може да се движат кон нивните работни места“, рече Филипче.
Тој апелираше да се почитуваат мерките, додавајќи дека нема место за паника. Филипче нагласи и дека меѓу оние кои со пропусница ќе може да се движат додека трае полицискиот час се и вработените на фирмите кои вршат дистрибуција.