Микро претпијатијата од услужната дејност бутици и продавници бараат помош од Владата

од Ивана Рамаданова

Ширењто на Корона вирусот претставува опасност и за микро претпијатијата од услужната дејност бутици и продавници на ниво на цела држава, од каде што предупредуваат дека доколку не се донесат конкретни мерки ќе бидат приморани дел од дуќаните засекогаш да се затворат и да има отпуштање на околу 20000 работници.

„Следејќи ги препораките на Владата на РСМ со ново настанатата ситуација во врска со Корона вирусот и мерките на претпазливост и ограниченото временско движење, НИЕ како микро претпријатија од приватниот сектор во услужната дејност (продавници и бутици) , од кој поголем дел закупопримачи на деловни објекти , кој во моментот немаме никакви приходи, во овие тешки моменти за сите нас, објектијавно преку порталите и медиумите, без политичка позадина се обраќаме до владата на РСМ и бараме -Бруто платите, додека траат мерките да биде на товар на државата( Март, Април, Мај) – да ги замрзне ратите од кредитите и плаќањето на тековните сметки како електрична енергија, вода итн. Државата да субвенционира неповратни средства (во зависност од бројката на вработени од 3000-10000евра – Мораториум за прво тромесечје од 2020 година на аконтација за ДДВ. Сите овие мерки ги бараме се до престанокот на мерките за забрана на работа. Исто така се обраќаме и до сопствениците (закуподавачите ) на деловните објекти да покажат малку човечност и во тој период да ја замрзнат наемнината се до моментот на почеток со работа или до превземање на некои владини мерки со кој и тие би биле обештетени. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и од владата на РСМ и од закуподавачите, заедно да ја надминеме оваа криза која му наговестува целосен колапс на приватниот сектор“, се вели во соопштението претставниците од микропретпријатијата.

И.Р.

Слични содржини