Вучиќ со ригорозни мерки: Полициски час од 13 часот во сабота до 5 часот наутро во понеделник, забрана за собирање на повеќе од две лица (видео)

од Nikola Popovski
351 прегледи

Според Вучиќ, владата, во договор со кризните служби, донела мерки за воведување забрана за движење од сабота од 13 до понеделник во 5 часот.

„Викендите ги предизвикуваат најголемите проблеми. Оставаме време луѓето да го купат она што им треба и да останат во своите домови за време на викендите“, рече Вучиќ, додавајќи дека тоа не значи за пензионерите кои сепак можат да одат да купуваат во недела наутро.

Како што вели, тој се стреми да го анализира скоро секој случај и додава дека има мали шанси преживување кај постарите лица, доколку дојде време да бидат приклучени на респираторна машина.

„Во исто време, повеќе од две лица нема да можат да се соберат на едно место од вечерва“, рече Вучиќ, додавајќи дека третата мерка е олеснувачка и важи од сабота навечер.

Како што вели тој, од 23 до еден часот по полноќ, на оддалеченост од 200 метри од местото на живеење, ќе им биде дозволено на луѓето да ги прошетаат своите миленичиња.