223
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку социјалните медиуми изрази благодарност до граѓаните кои ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на движењето на граѓаните како една од мерките за справување со корона вирусот.
„Во таа насока согласно статистиката на МВР во текот на изминатото деноноќие:Вкупно 72 лица не ја почитувале забраната за ограничување на движењето, 2 лица се на возраст до 18 години и 1 лице на возраст над 67 години. Приведени се 59 лица, а за останатите земени се податоци за понатамошно постапување.На 88 лица се издадени решенија за изолација, а 55 лица потпишале изјава за самоизолација.Во државен карантин се спроведени 4 лица.“ напиша Чулев на фејсбук.