Заев: Немам симптоми на коронавирусот, резултатите ги очекуваме во текот на денот

од Берта Китинска
162 прегледи

По информацијата на министерот за здравство Венко Филипче дека лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ од денеска се во задолжителна домашна изолација, преседателот на СДСМ на својот Фејсбук профил им се обрати на јавноста.

-Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори, напиша Заев.

Слични содржини