Пратеникот Бошко Обрадовиќ направи хаос во српскиот Парламент, седницата прекината (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
227 прегледи

Претседателот на Движењето Двери, Бошко Обрадовиќ беше изнесен од Парламентот на Србија, откако на почетокот на седницата влегол во салата со свирче и почнал да свири покрај говорницата.

Претходно претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ му изрекла две опомени на Обрадовиќ по што му го одземала правото на збор и го исклучила од седницата. Гојковиќ потоа одредила 15 минути пауза за обезбедувањето да го изнесе Обрадовиќ.

Тој не сакал да ја напушти салата, продолжил да свири и да вика „долу влада“ и „доле Вучиќ“, а цело време стоел покрај министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Обрадовиќ не сакал да го послуша обезбедувањето и да излезе туку зборел дека сите мораат да држат растојание од него на два метри, колку што е пропишано заради коронавирусот.