„Покрај загубата на нивните најблиски, голем број на граѓани се принудени да платат огромни суми на пари за погреб на починатите како последица на Kовид-19.Граѓаните се оставени во немилост и без соодветна здравствена грижа,без работа,сиромаштија која секој ден тропа во нивните врати“, стои во соопштението на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Според нив, С. Македонија има најголем процент на смртност како последица од пандемијата, додека граѓаните покрај сите други потешкотии со кој се соочуваат, се принудени да платат огромни суми за погребот.
„За да се подигне починатиот од болница (мртовечница) мора да платат според нашите информации, од 25.000 илјади до 120.000 илјади денари,. Тие се правдат со еден непостоечки протокол на Министерството за здравство, според кој треба да се користи специјални ПВЦ материјали и лимен-ковчег. Очигледно е дека голем број на граѓани се практично ограбени од страна на погребалните служби а тоа го дозволува Министерството за здравство бидејќи нема превземено никаква мерки“, велат од коалицијата.
Од коалицијата предлагаат ова категорија на граѓани,односно сите семејства кој имаат изгубено нивен член како последица од Ковид-19, да бидат опфатени со петата мерка на Владата и да им биде доделена одредена сума на средства како на надомест за погребални трошоци, додека Министерството за здравство да преземе конкретни законски дејствија за да се расчисти случајот со погребалните служби кој ја злоупотребуваат кризната состојба со пандемијата.