Абазовиќ ќе биде министер за надворешни работи?

од Nikola Popovski

Дритан Абазовиќ, лидерот на изборната коалиција во Црна Гора, „Црно на бело“, ќе биде новиот шеф на црногорската дипломатија.

Абазовиќ ќе добие висока министерска позиција во идната Влада на Црна Гора и ќе биде министер за надворешни работи, објавил српски „Новости“ повикувајќи се на неофицијални извори.

На некој начин, тоа ќе биде награда за Абазовиќ и неговиот тим за доследноста по изборите, и покрај огромниот притисок од властите и албанските партии, но и поединци, да се предомислат и да не влегуваат во коалиција со другите две опозициски коалиции, „За иднината на Црна Гора“ и „Мирот е нашата нација“.

Трите листи, кои заедно го освоија мнозинство гласови на изборите во Црна Гора и со тоа ја поразија долгогодишната владејачка партија ДПС на Мило Ѓукановиќ, започнале разговори за формирање нова влада, а конститутивната седница на црногорскиот парламент треба да се одржи во среда, на 23 септември.

Слични содржини