Абазовиќ: Резолуцијата за Сребреница не е против српскиот народ

од Nikola Popovski

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ денеска во Сараево изјави дека Резолуцијата за Сребреница, неодамна усвоена од црногорското собрание, не е насочена против српскиот народ и ја брани одлуката на парламентот да го смени министерот за правда, човекови и малцинства Владимир Лепосавиќ.

„Донесената Резолуција за Сребреница е цивилизациско прашање за мене. Тогаш кога ваквите прашања не предизвикуваат полемики, ќе знаеме дека општеството конечно зачекори напред“, рече Абазовиќ на Самитот за демократија во Југоисточна Европа, што се одржува во Сараево, во организација на Меѓународниот републикански институт.

Како што беше објавено од неговиот кабинет, Абазовиќ го наведе разрешувањето на министерот Лепосавиќ како позитивен пример, нагласувајќи дека поради, како што рече поради „негирање на геноцидот во Сребреница“, никогаш не биле сменети високи функционери во регионот, вклучително и БиХ , известува ЦДМ.

Абазовиќ рече дека усвојувањето на Резолуцијата е придружено со многу пропаганда и оцени дека таа не е насочена против српскиот народ, што, како што рече, било јасно потенцирано во еден член.

Во врска со моменталната политичка состојба во регионот, тој рече дека Балканот сè уште не излегол од 90-тите години и од политиката на национализам.

Тој смета дека ако Балканот сака да биде дел од ЕУ, тој мора да излезе и да се оддалечи од поделбите и да се посвети на економското закрепнување и борбата против корупцијата, како што рече, се главните проблеми во регионот.

„Наместо минатото, да се посветиме на градењето подобра иднина“, рече Абазовиќ.

Слични содржини