Абазовиќ: Секој кој ќе учествува во гаснењето на пожарите ќе биде награден од државата

од Stefanija Kuzmanovska

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ заедно со министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ, министерот за здравство Драгослав Шќекиќ и директорот на Дирекцијата за вонредни состојби Миодраг Бешовиќ ги посетија пожарникарите во Котор на локалитетот Дражин врт.

Абазовиќ упати честитки до локалните служби за заштита и спасување кои со поддршка на министерството за внатрешни работи, Армијата и волонтерските друштва покажуваат голема пожртвуваност, професионалност и патриотизам, бранејќи ги куќите и природата од пожарите, пренесува „Вијести“.

Како што најави, државата ќе ги награди сите што учествувале во гаснењето на пожарот.

Во тој локалитет претходната вечер големиот пожар им се закануваше на околните куќи.

Слични содржини