Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, Русинот Роман Абрамович, не присуствуваше на финалето од ФА Купот, во кој неговите „сини“ го победија Манчестер Јунајтед со 1:0, поради проблеми со британската виза.

Сопственикот на Челзи мораше да ја напушти Англија затоа што му истече престојната британска виза, а англиските власти не му издале нова.
Home Office-от не сакаше да коментира зошто на рускиот милијардер не му е продолжена визата, а молчи и Абрамовиќ. Наводно, на рускиот тајкун барањето за виза не му е одбиено, но целиот процес трае необично долго. Бритнаските медиуми наведуваат дека главна причина е лошиот однос меѓу Велика Британија и Русија.
„Тоа се случува поради тајни причини. Сигурен сум дека за него било фрустрирачко што не можел да го гледа својот клуб“, вели Вилијам Броудер, менаџер на фондот кој се бори против влезот на руски пари во западната престолнина.
Абрамович е на чело на лондонскиот клуб од 2003 година, а под негово водство клубот ги освои Лигата на шампиони, Европската лога, шест наслови првак на Англија, осум ФА Купови и пет Лиги на купови.