Адеми: Џафери никогаш не остава ништо на случајност

од Берта Китинска

Џафери постојано работи согласно Деловникот, законите и Уставот и успева да балансира меѓу албанофобијата и непринципиелните напади, вели пратеникот Арбер Адеми од ДУИ кој збореше на седницата за интерпелација на спикерот Талат Џафери.

– Тоа што Џафери е на чело на овој законодавен дом ни прави чувство на гордост, не само зашто е од ДУИ и зашто е Албанец, туку зашто тој со своето искуство и правичност, е дефинитивно најдобриот почитувач на Уставот и Деловникот. Тоа за сите нас е предност што тој е прв меѓу нас еднаквите. Џафери никогаш не остава ништо на случајност, колку и неговите одлуки да не им се јасни на функционерите во државата, потоа тие утврдуваат дека се тие во интерес на државата, кажа Адеми.

Слични содржини