Адеми: Граѓаните не сакаат со Истокот и Русија, туку со Европа и Америка

од Nikola Popovski

Денешната слика на булеварот „11 октомври“ пред Собранието е најдобар показател дека граѓаните се за европска иднина и дека не сакаат поделби, рече координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми во својот говор.

Според него, граѓаните не сакаат конфликти, туку мир.

Граѓаните не сакаат со Истокот и Русија, туку Европа и Америка. Граѓаните се за ЕУ и подобар животен стандард, а не за изолација и статус-кво. Денешната слика на булеварот е најголем пораз за опозициските сили кои го лажат народот со стравови од Бугарите, Грците и Албанците, рече Адеми од собраниската говорница на седницата за уставните измени.

Порача дека денешната слика е потврда дека граѓаните не се плашат и си седат спокојно дома, како што вели, чекајќи да ја донесеме последната и најважна одлука.

Адеми ги уверува пратениците и партиите дека не треба да имаат загриженост, потенцирајќи дека самиот договор вклучува дека Унијата ќе го почитува културното и јазично наследство, како и дека ќе биде унапредувано.

Резервна држава немаме. Моите деца планираат овде да имаат иднина. Држете ме за збор дека ќе бидеме со вас во секаков предизвик, кажа Адеми.

Слични содржини