Адеми: Изгледа погрешниот Реџепи го убедувале цела недела, за да гласа

од Берта Китинска
2,8K прегледи

Едмон Адеми, кој е министер без ресор во владата на Заев, преку својот Фејсбук профил ја искоментира вчерашната ситуација во Собранието и неуспехот на Иницијативата за рушење на владата.

-Изгледа погрешниот Реџепи го убедувале цела недела, за да гласа, напиша Адеми.

Имено пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи првично излезе со став дека нема да се потпише на Иницијативата каде стои потписот на Левица, но по неколку дена неговиот став се смени и го прифати предизвикот кој му го предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, да се потпише на нова иницијатива за гласање недоверба на Владата.

Сепак откажувањето на Кастриот  Реџепи од БЕСА, ја осуди иницијативата за рушење на владата на неуспех. Тој не се појави во парламентот, со образложение дека  иницијативата за рушење на Владата не е во интерес на интеграциите на земјава.

Слични содржини