Адеми се пофали дека „Европскиот фронт“ го стопира Законот за бранители

од Nikola Popovski
87 прегледи

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, преку статус на Фејсбук истакна дека „Европскиот фронт“ го стопирал Законот за бранители. Адеми најави дека овој предлог-закон нема да биде на дневен ред во Комисијата за социјална политика, демографија и млади, која ја предводи „Европскиот фронт“, каде што претседателка на Комисијата е пратеничката Илире Даути.

„Комисијата за социјална политика, демографија и млади луѓе ја предводи Европскиот фронт, а претседателка е Илире Даути. Законот за бранители на ВЛЕН никогаш нема да биде на дневен ред додека сме таму.

Можете да направите кворум и со ВМРО-ДПМНЕ, но ние ќе бидеме пред вас да ве спречиме“, објавил Адеми.

Обид за создавање меѓуетнички тензии и нетрпеливост, а не вистинска помош за бранителите и нивните семејства. Вака премиерот Христијан Мицкоски гледа на потегот на социјалдемократите во Собранието да поднесат предлог-закон за бранителите, а потоа, како што вели, да ја напуштат седницата кога се гласа дневниот ред. Според првиот човек во Владата, ова се прави за да се креира нетрпеливост и ќе биде карта на којашто опозицијата ќе игра во периодот што следи.

Лидерот на социјалдемократите Венко Филичче негира. Вели дека Законот за бранители има цел да одговори на реалните потреби на луѓето, а не да креира тензии. Филипче е подготвен, како што рече, да разговара за сите аспекти на предлог – решението и демантира дека пратеничката група на СДСМ излегла од салата кога се требало да се гласа дневниот ред.

Се огласија и од коалицијата ВЛЕН. Велат оти нема да дозволат Собранието да стане арена за манипулации и поделби и во знак на протест ја напуштиле седницата.

Слични содржини