Октоберфест, познатиот минхенски пивски фестивал, почнува за неколку недели и фирмата Адидас за тој повод произведе патики за да им ги олесни неволјите на оние кои ќе испијат малку повеќе.

Новиот модел на патики не само што се инспирирани од фестивалот туку е и отпорен на пиво, повраќање и сите други течности. Изработени се од нафина кожа адидас München патиките се подготвени за сите непогоди кои го следат претераното конзумирање алкохол.
Моделот во беж баварска “lederhosen” боја со натпис “Prost” – што значи „На здравје“ на германски, се продава по цена од 200 евра, а со нив купуваќот добива и кригла за да се осигура потполната забава на фестивалот на пивото.