Адвокатите на членовите на семејствата убиени во „Рибникар“ против собраниската анкетна комисија

од Radmila Tasevska
387 прегледи

Претставниците на семејствата, чии членови беа убиени во ОУ „Владислав Рибникар“, денес изјавија дека е непотребно и излишно да се формира Анкетна комисија на српскиот парламент, која треба да се занимава со утврдување на фактите и околностите кои довеле до масовноста убиства во Рибникар и Младеновац.

Ова денес го изјавија адвокатите на семејствата на крајот од рочиштето на К.К. кој извршил масовно убиство во училиштето, и тоа е запишано во записникот, дознава Танјуг.

Адвокатите на оштетените се согласни дека Вишото јавно обвинителство во Белград истрагата за масакрот во „Рибникар“ ја води професионално и експедитивно и дека нема потреба да се вклучува „лаичката“ јавност во кривичната постапка која е во тек.

Меѓу адвокатите на повредените се адвокатите Горан Петронијевиќ, Зора Добричанин Никодиновиќ, Божа Прелевиќ и други …

Собранието на Србија на 11 јули донесе одлука за формирање на Анкетната комисија, која денеска ја одржа првата седница.

Слични содржини