Адвокатите на обвинетите за убиството на Тот побараа да се откаже кривичното дело „убиство со умисла“

од Берта Китинска

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за убиството на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот што се случи на 7 април годинава пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје.

Тројцата обвинети Анџело Ѓоргиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (19) на првото рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни, денеска тие со своите адвокати ги дадоа воведните зборови.

Обвинетите рекоа дека жалат за настанот и дека не сакале да дојде тоа што се случи.Адвокатите на обвинетите укажаа дека овој кривично-правен настан не може да се квалификува како убиство бидејќи не постоела умисла.

Игор Тот, таткото на хрватскиот ракометар пред судот изјави дека очекува да се дознае вистината преку судот во Македонија.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април 2022 година, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Слични содржини