Афера „снимка“ ја тресе Бугарија: Како Борисов го поткопува претседателот Радев?

од Nikola Popovski

Во саботата бугарските медиуми повторно добиле снимка од телефонски разговор од непознат корисник, а како што се наведува, еден од актерите е повторно бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој наводно го повикува неговиот соговорник да го исмева претседателот Румен Радев.

Се претпоставува дека разговорот се случил на 5 февруари годинава, кога се одржал бугарско-јапонски бизнис форум во Софија.

Еден ден порано, на 4 февруари, шефот на државата изрази недоверба кон бугарската влада. Борисов, наводно, му предложил на својот соговорник да го натераат противникот да изгледа смешно во очите на јавноста. Според порталот „Епицентар“, соговорникот во тој разговор бил министерот за економија, Емил Караниколов.

„Зошто не одите во парламентот? Доколку е потребно, свикајте ги, кажете нешто за бизнис-форумот и кажете дека тој (Радев) само крева прашина. Од тебе треба да слушнат дека, без оглед на неговиот тон и глупости вчера -повторно покажувам дека сум вистински државник и дека сум помудар. Сакам да ја слушнам во вечерните вести, сега ќе вечерам со Урсула (фон дер Лаејн). Мораме да се забавуваме со него и (да го натераме) да изгледа смешно “, рекол човекот.

Бугарскиот претседател го коментирал објавениот видео запис во понеделникот, велејќи дека ваквите снимки се загрижувачки.

„Неопходно е да се спроведе независна експертиза за автентичноста, бидејќи бугарското обвинителство, како заинтересирана страна, не може да го обезбеди тоа“, изјавил Радев.

Треба да се потсетиме дека Радев го коментираше неодамнешниот „протек“ на аудио запис и фотографии, кои го компромитираат бугарскиот премиер Бојко Борисов, велејќи дека ваквите работи му штетат на имиџот на Бугарија и ја претставуваат како криминална земја. Во видеото, човекот, чиј глас звучи како на премиерот, остро и заканувачки зборувал за неговите колеги од парламентот, а во низата фотографии, наводно од спалната соба на Борисов, може да се види купчиња евра и оружје.

Премиерот ја потврди само автентичноста на сликата, во која спие во неговата спална соба, а потеклото на фотографијата го објасни со тоа што претседателот Радев, кој живее во близина, го следел со помош на кинески дрон.

Слични содржини