Агелер-Ковачевски: САД сакаат да ја видат С.Македонија што поскоро во ЕУ

од Nikola Popovski

Владата објави дека на денешната средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски со американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер уште еднаш била потврдена цврстата поддршка од САД за нашите европски политики.

Оттаму информираат дека високо ја ценат добронамерноста на американските пријатели, кои и на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан ја повторија пораката дека ќе продолжат заедно со нас на европскиот пат.

-Нашиот следен исчекор кон евроинтеграциите е долгоочекуван и меѓународно поддржан како никогаш досега. Верувам дека овој момент ќе го препознаат проевропските сили во општеството кои ќе застанат во одбрана на визијата за европска држава. Зад таа визија стои нашиот концепт на европерспективи и осигурена европска иднина наспроти концептот на неизвесност и изолација, стои во објавата од „Илинденска бр.2“ за средбата меѓу Ковачевски и Агелер.

Ковачевски утре поднесува оставка од премиерската функција, со оглед дека до крајот на неделава треба да се изгласа техничката влада со нов технички мандатар. Предвидено е него да го замени досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Слични содржини