Агелер најави нови лица на црната листа: Кај Мерко постои цврст доказ за корупција

од Nikola Popovski

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска повторно истакна дека ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД е согласно законите на Америка, односно кога постои цврст доказ за корупција да се преземе мерка од државниот американски секретар Ентони Блинкен за санкционирање на такво лице.

-На ова лице и неговото семејство им е оневозможен влез во САД. Сите сте запознати со изјавата на Стејт департментот и се објаснува целиот процес. Ова трае подолго време и внимателно се спроведува. Се врши ревизија на сите докази и има листа на имиња кои што исто така се во процес на разгледување и ревизија. Откако ќе се утврдат сите факти, тогаш се донесува одлуката. Не можам точно да кажам за временските рокови. Ќе има и други најави, но не можам да кажам точно кога. САД имаат сериозен пристап кон процесот. Секогаш кога ќе се утврдат докази за корупција, Северна Македонија и народот имаат право да имаат избрани претставници во кои што ќе можат да веруваат и да бидат стабилни. Тука завршува ангажманот на САД и ние не би можеле да кажеме што понатаму Владата и судството треба и дали ќе преземе, истакна Агелер одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини