Агенција на ОН: Повеќе од 60 отсто од работните места во Газа се изгубени поради војната

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 60 отсто од работните места се изгубени во Газа од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас, објави денеска агенцијата на Обединетите нации, Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Вкупно 182.000 работни места се изгубени во Појасот Газа, соопшти МОТ во својата прва проценка за влијанието на израелските копнени и воздушни напади врз Газа, кои започнаа по упадот на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври, пренесува „Ројтерс“.

„Нашата првична проценка за последиците од актуелната трагична криза на палестинскиот пазар на труд ни донесе крајно загрижувачки резултати кои ќе се влошат како што ќе продолжи конфликтот“, изјави регионалната директорка на МОТ за арапските држави, Руба Џарадат.

Таа додаде дека кризата ќе влијае на работните места и компаниите во оваа област „многу години“.

Дури и пред почетокот на војната и заострувањето на израелската економска блокада на Појасот Газа, околу половина од населението таму – од 2,3 милиони луѓе – живееше под прагот на сиромаштија.

Слични содржини