Агентот на Ериксен: Нема рокови за негово враќање

од Stefanija Kuzmanovska

Агентот на Кристијан Ериксен, Мартин Шутс, ги демантираше информациите дека играчот од средниот ред ќе се врати на терените за 4-5 месеци.

Вчера, данскиот фудбалер, кој доживеа срцев удар на Европското првенство, се врати во базата на Интер, а според „Кориере дело Спорт“ им порачал на соиграчите дека ќе се врати на терените за 4-5 месеци.

„Јас лично никогаш не сум го слушнал да каже такво нешто. Интер беше среќен што виде дека Кристијан е во добра форма. Тој сака да биде во најдобра можна состојба за да биде татко, сопруг, син, брат и пријател. Нема распоред, нема притисок кога да се врати во игра. Ништо“, рече Шутс.

Слични содржини