Ахмети го посети Институтот за културно и духовно богатство на Албанците

од desk2

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска го посети Институтот за културно и духовно богатство на Албанците (ИКДБА), каде оствари средба со директорот на Институтот, Скендер Асани.

Ахмети рече дека овој момент е многу значаен, бидејќи континуирано на досегашните средби директорот на Институтот секогаш го посочувал прашањето за просториите и за условите за работа, бидејќи со тоа тие имале несигурност за функционирање на континуираната работа на оваа институција.

-Ова прашање се разгледа со голема сериозност. За ова прашање имам разговарано со извршната власт дека мора да се најде едно издржливо решение во врска со Институтот за да ги реализира студиите како што треба, во согласност со стандардите, но и условите за работа, рече Ахмети и му искажа благодарност на премиерот Зоран Заев за разбирањето да се реши проблемот со сопственоста на Институтот.

Скендер Асани, директор на Институтот заблагодарувајќи му се на лидерот Ахмети за посетата, рече дека инаугурацијата на нивниот објект, кој сега е во нивна сопственост,  од овој момент станува нивен дом и, како што додаде, нивните обемни активности што си ги реализирале во текот на овие години ќе бидат уште поинтензивни.

-Оваа зграда, покрај тоа што ќе биде научно – истражувачки објект, има и историјат, бидејќи во текот на 90-тите и по 90-тите години, оваа институција што претходно беше Американска амбасада, кои за Албанците се природен сојузник, станува наш имот. Исто така, е многу важна порака дека Северна Македонија се движи кон добар пат за евроатланската интеграција, бидејќи оваа зграда се наоѓа во другиот дел од градот што беше исклучиво македонски дел. И сега ние како институција сме овде и верувам дека ќе ја оправдаме целата поддршка што ни ја даде претседателот на ДУИ, ние да имаме сопствена зграда, како и поддршката за други проекти што ќе ни бидат предизвик, нагласи Асани.

Ахмети беше придружуван од пратеникот на ДУИ, Артан Груби и министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

Слични содржини