Ахмети и Груби им посакаа среќен Божик на сите православни верници

од Берта Китинска

Али Ахмети и Артан Груби преку пораки, им посакаа среќен Божик на сите православни верници.

Посакувам овој Божик да донесе благосостојба и мир во сите семејства што слават и благословениот дух на овој празник да ги допре сите луѓе, изразувајќи желби за посветла иднина за сите нас заедно. Ја користам оваа прилика да истакнам дека Божик е токму моментот кога преовладува солидарноста со оние на кои им е потребна помош и духот да се биде едно со оние што бараат надеж, кулминира. Затоа верувам и сум оптимист дека 2021 година ќе биде една година што ќе тече во оваа насока и под овој дух, пишува во честитката Ахмети.

Груби, чеситајќи го Божик, вели дека верските празници нè потсетуваат на тоа колку сме благословени за нашиот верски соживот, кој што, како што вели, е моќна основа за нашето општество.

Ахмети додава дека Божик ги обединува семејствата како еден од основните елементи на општеството и ги приближува сите луѓе едни кон други преку вербата во Бога.

„Истовремено празникот потсетува на благословот дека разликите нè обединуваат и не прават побогати“, се вели во честитката на лидерот на ДУИ.

Слични содржини