Ахмети: Има потреба за ветинг во сите институции

од Ивана Рамаданова
194 прегледи

Демократската унија за интеграција стои зад барањето дека Северна Македонија има потреба за ветинг во сите институции, почнувајќи од законодавните, извршните и така натаму, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот на ДУИ, одговарајќи на прашање, рече дека за ветингот се дискутира со сите политичките партии и дека сите ќе треба да бидат предмет на ветинг.

Тој ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев, кој пред неколку дена рече дека ветингот во судството може да влијае за намалување на бројот на судиите и обвинителите.

„Јас не можа да се занимавам со предрасуди, ниту со предвидувања за преполовување на судиите и обвинителите во процесот на ветингот. Тие што не го поминуваат ветингот не заслужуваат да бидат претставници на судството. Независно колку ќе трае ударот, дали ќе се преполови бројот или ќе остане четвртина, зависи од веродостојноста“, рече Ахмети на инаугурацијата на статуата на американскиот претседател Вудро Вилсон пред административната зграда на Општина Чаир.

Слични содржини