Ахмети: Пандемијата ни докажа дека сите дишеме ист воздух и само обединети можеме да триумфираме

од Берта Китинска

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето новогодишно обраќање посочува дека годинава што измина ни докажа дека сите дишеме ист воздух и дека не грее исто сонце и оти само обединети може да триумфираме.

– Годината што ја оставаме зад нас беше тешка и многумина од нас изгубија членови од семејствата, пријателите и познаници како резултат на пандемијата, затоа денес сочувствувам и се солидаризирам со сите овие семејства и апелирам за дополнителна грижа за време на празниците и периодов кој ни претстои. Истовремено, сакам да изразам голема благодарност до медицинскиот и полицискиот персонал заедно со сите други кои беа и сеуште се на фронтот во битката со невидливиот непријател во текот на оваа тешка година. Сепак, во сета своја тешкотија, времето на пандемијата ни докажа најдобро дека сите дишеме ист воздух, дека сите не грее едно исто сонце и дека само обединети и еднакви можеме да триумфираме“, вели Ахмети.

Обединети и еднакви, посочува лидерот на ДУИ, оваа година станавме членка на НАТО и добивме зелено светло од Европската Унија за пристапни преговори со што се заокружи повеќедеценискиот сон и нашата определба.

– Обединети, победивме на изборите во јули и го постигнавме договор за коалиција кој што
беше поздравен од сите, додека денеска го спроведуваме истиот – вели Ахмети.

Ние сме тука едни за други во секое време, пишува лидерот на ДУИ, во добро и во лошо, блиску и сплотени, обединети околу нашите заеднички цели.

– Дозволете ми да се обратам на секое семејство, на секој од вас каде и да сте, во нашата земја, во Албанија, Косово, Црна Гора, Прешевската долина, на дијаспората, со најискрени и нај љубезни желби за подобра, посреќна и поздрава година, заедно и сплотени едни со други – вели во новогодишната честитка Али Ахмети.

Слични содржини