Ахмети прави грешка со митинзите и скандирањата на УЧК, тоа не носи никому добро, смета Ковачевски

од Симе Стоиков

„Ќе искористам прилика и ќе упатам порака и до нашиот довчерашен коалиционен партнер, Демократската Унија за Интеграција. Господинот Ахмети прави голема грешка со митинзите и скандирањата на УЧК. Ахмети добро знае дека тие скандирања ништо добро носат никому. И гледаме дека ја повторува таа грешка“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Неготино.

Тој, обраќајќи се до Ахмети и членовите и симпатизерите на ДУИ порача дека не треба да се враќаме назад во темните делови на македонската историја.

„Имаме историска одговорност пред граѓаните и нашите гласачи кои очекуваат да обезбедиме подобра иднина, да се „препукуваме“ со идеи и концепти за иднината, наместо закани и плашења. Ние мора да им испорачаме иднина на граѓаните, а не да ги заплашуваме со повици од минатото“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека препукувањата и заканите не се тема на овие избори, туку прашањата за иднината на државата се и тоа мора да им се испорача на граѓаните.

„Подадената рака за напредокот на државата на патот кон Европската Унија значи инклузија на буквално сите граѓани, наместо дневен квазинационализам. Тоа ни е потребно, да размислуваме за иднината“ рече Ковачевски

Слични содржини