Ахмети: С.Македонија во ЕУ до 2030 година

од Nikola Popovski

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вчера порача дека некои од клучните цели на изборната платформа на заедничкиот кандидат на Европскиот фронт за претседател, Бујар Османи, се интеграцијата во ЕУ до 2030 година, избор на претседател на државата во Собранието и стратешкото партнерство и дијалогот со САД.

Ахмети на својот Фејсбук профил објави дека со останатите лидери од Европскиот фронт потпишале заеднички договор за плановите на оваа коалиција.

Меѓу клучните цели се формирање на Меѓународен комитет со САД, ЕУ и НАТО за сертификација на сите носители на јавни функции, зајакнување на Армијата во согласност со стандардите на НАТО, соодветно меѓународно етаблирање преку надворешната политика, задржување на младите во земјата, образование и иновации, како и зелената агенда.

„Ние не се натпреваруваме на изборите само формално, туку со јасни идеи и визија за политичкото делување на иднината! Заедно кон Европа!“, истакнал Ахмети.

Слични содржини