Модерниот живот е многу брз и повеќето стопани на домашни миленици немаат соседи, на кои ќе го остават своето куче или мачка, кога одат на одмор. Заради ова претприемачот Ричард Сетрлол го создава сајтот DogBuddy, во кој може да го најдете местото каде вашиот четириножен пријател ќе живее, додека ве нема.olsen_w_dog_d4db3304d1ff06974072ecc1e45937d1.nbcnews-ux-320-320

“Ние сме како сајтот Airbnb, но за кучиња. Ако сте на одмор или рабоите  до доцна и не можете да најдете” кучегледачка “во вашето соседство, јавете ни се и оставете го вашето куче кај нас”, вели тој.

Повеќе од 40% од сопствениците на миленичиња се чувствуваат непријатно да ги замолат блиските или пријателите да им го причуваат животното, додека тие од една или друга причина се спречени да се грижат за него. Просечната цена на “кучегледачите” во Лондон е 20 фунти за гледање на куче целиот ден. Сајтот прибира 15%, кога сопственикот на кучето  ќе го најде својот “кучегледач” во платформата. Бизниси веќе имаат 200 000 лица, регистрирани во Европа, кои се на располагање да гледаат куче, ако ги побараат. Од 2013 година досега приходите се зголемиле за 360% на годишна основа.

Слични содржини