Ние им препорачуваме на бугарските политичари нашите односи со Република Македонија да стануваат поблиски и она што граѓаните на двете држави го чувствуваат меѓусебно, да биде реализирано на политичко ниво. Ова го изјави во интервју за БГНЕС академик Стефан Воденичаров, претседател на БАН. Повод за неговото интервју е повикот за дијалог и пријателство на директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски.
“Меѓу граѓаните на Бугарија и Република Македонија нема никакви проблеми, тие се на друго ниво”, рече академик Воденичаров и продолжи: “Нека политичарите да седнат и тие да зборуваат исто како зборуваат научниците на двете земји. Разговорите меѓу нас течат сосема мирно, пријателски и колегијално. Ние поставуваме цели кои се корисни за двете земји. И државните институции треба да помогнат во нашата соработка “. Бугарската академија на науките / БАН / и Македонската академија на науките и уметностите / МАНУ / одамна работат за пријателството меѓу двете земји. “Дијалогот меѓу двете академии започна пред 3-4 години. Научниците од двете страни прифатија дека треба да седнеме на маса и да видиме работите кои не зближуваат, а работите кои не делат, на кој начин да се решат. Тука сакам да истакнам дека што се однесува до разликите кои се натрупаа во последните 100 години, тие не се од нас, туку однадвор. Сето она што е направено пак однадвор, ги спречува односите меѓу самите луѓе и меѓу двете држави “, изјави претседателот на БАН. Тој посочи дека пред еден месец научниците од двете академии се собрале во Бугарија, каде што известиле за резултатите од вкупната работа – околу 30 проекти, а исто така се зацртало да продолжат работата заедно во следните 3 години. “Не станува збор само за наука, туку за целиот спектар на теми, вклучително и економијата на Бугарија и Република Македонија и претставувањето пред Европа”, раскажа академик Воденичаров.
Бугарската и македонската науки помагаат за заштита на националната безбедност на двете страни. “Ние имаме заеднички проблеми”, рече претседателот на БАН, кој е експерт во областа на одбранбената индустрија. Еден од институтите на академијата веќе потпишал договор со претпријатието од ВПК во Прилеп. “Бугарија и Македонија можат да работат заедно за многу заеднички проекти во одбранбената област. Можеме да помогнеме во целина за зајакнување на соодветните структури во двете земји. И во моментов бугарската одбранбена индустрија користи неколку претпријатија во Македонија како поддоставувачи за некои производи. Исто така можеме да излеземе со заеднички производ на трети пазари. Од моите колеги во Македонија знам дека има разбирање за едно такво соработка во иднина “, изјави академик Воденичаров. за агенцијата БГНЕС.