Ако ги имате овие 5 работи дома – сиромашни сте

од desk2
93 прегледи

Денеска, со експерти за се и сешто, експерт за манири е најмалку чудна работа за која сме слушнале.

Еден од тие експерти е Вилијам Хенсон кој реши да објасни кои предмети во вашиот дом покажуваат дека сте без скршена пара.

Повеќето луѓе мислат дека сатенската постелнина, особено црната е врв на луксузот, но тоа е врв на невкус. Постелнината треба да биде квалитетна, од памук или лен, или мешавина од двете. Свилата и сатенот се за простаци и плејбои, влеи Хенсон, кој го прошири списокот и на:

Плишани мечиња

Мислите дека е слатко да ги чувате спомените во вид на плишани мечиња? Хенсон не се сложува, а вели дека е врв на невкусот кога некое од тие животни во шепите држи цвеќе, срце или љубовна изјава.

Големи огледала

Огромни огледала на невообичаени места се вилгарни. Тие врескаат дека сте нарцис. Сè уште не се родила личност која поставила огледало на таванот во спалната соба а да изгледа толку добро како што мисли дека изгледа. Всушност, колку е поголемо огледалото, толку личноста е погрда, тврди овој експерт.

Мебел од стакло

Сега веќе е јасно дека Хенсон има голем проблем со рефлектирачки површини, а еве што вели за ова.

– Одржувањето на таков мебел е толгава гњаважа што не вреди за тоа да се размислува, а камоли да се купи. Всушност, таков мебел е резервиран само за пониската класа. Само даб и махагони – советува експертот.

Куп перничиња

Очигледно сте си дозволиле едно летување во Дубаи, па сте полни впечатоци. Да скратам, колку повеќе перничиња, толку сте победни, заклучува тој.