Филмската и телевизиска ветеранка Селма Блер се појави за првпат во јавноста во февруари на доделувањето на Оскарите, откако минатиот октомври се појави информација дека таа боледува од мултипла склероза.

Изненадена од реакциите на присутните и фоторепортерите, актерката се расплакала на забавата на “Vanity Fair” во чест на филмските награди.
Неколку дена по настанот, Селма во интервју за телевизијата “ABC” изјавила дека се бори со болест која го напаѓа нервниот систем, коскената срж, очните нерви и мускулите. Блер има проблеми со говорот и моторните функции и има потешкотии со сѐ што сака да прави. Еден од најголемите проблеми ѝ е шминкањето.
Актерката на Инстаграм објавила видео како се шминка и им дала совет на оние кои се борат со истиот проблем како и таа:
https://www.instagram.com/p/BvrqnUYnbc7/?utm_source=ig_embed
“Заболени од мултипла склероза, земете огромна четка, бронзер и кружни потези. Готово”, рекла Селма низ смеа.
Имено, актерката објаснила дека забележува дека луѓето во текот на денот ѝ ја поправаат шминката бидејќи не ја нанела како што треба.
“Да се разбереме, јас никогаш нема да направам упатство за шминкање. Дури и мојот менаџер рече дека нема потреба сама да се мачам, кога секогаш постои некој кој може да ме нашминка”, објаснила Селма.
По објавеното видео на Инстаграм, бројни фанови и колеги ѝ упатиле поддршка, а помеѓу нив била и Дебра Месинг која е најпозната по улогата на Грејс во серијата “Will & Grace”.
“Боже, колку те сакам. Селма, многу си духовита”, напишала Дебра.
Актерката се бори со тешка болест, но изјавила дека нема да се откаже токму поради нејзиниот син.
“Ако не се вратат моите способности по терапијата, знам дека барем ќе можам да зборувам. И сега ми е потребна голема сила за да зборувам, некои луѓе попрво би молчеле. Но јас не бидејќи ги обожувам камерите”, заклучила Селма низ смеа за “ABC”.